Македонија
1. November 2022 - 16:41

БЕСА ги покани партии на албанците на лидерска средба

БЕСА ги кани лидерите на албанските партии на заедничка маса да се договорат за измени на Уставот и официјализирање на албанскиот јазик во него.

Во ДУИ даваат поддршка на овој предлог на БЕСА но сметаат дека тоа оваа партија не треба да го користи како услов при гласањето за внесување на Бугарите во Уставот. Во Мала Речица се на став дека оваа тема не треба да добива етнички димензии бидејќи како што велат, ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ немаат ништо против албанскиот јазик да влезе во Уставот.

Во ДУИ се уверени дека ќе успеат да обезбедат поддршка од 80 пратеници. Вицепермиерот Груби вчера во телевизиско гостување уште еднаш повтори дека има информации дека пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за промена на Уставот бидејќи за тоа, притисок им вршел меѓународниот фактор.

Груби е сонце кое заоѓа поради корупција, му вратија од ВМРО-ДПМНЕ

Измените на Уставот и внесувањето на Бугарите во него, БЕСА ги условува со нови измени кои би го официјализирале албанскиот јазик. До овој момент, СДСМ и ДУИ заедно со сите останати албански политички партии располагаат со 74 гласови, што значи дека им фалат уште 6 пратеници за да обезбедат дво третинско мнозинство за промена на Уставот.