Катастарот со нова услуга за банките, стопанствениците и извршителите
Новините во катастарот го олеснуваат работењето на фирмите, банките но и на извршителите.
Со новата апликација watch dog повеќе нема да има малверзации односно преценета или потценета вредност на недвижнините информираат надлежните.
Со само еден клик професионалните корисници лесно ќе можат да дознаат која е вредноста на квадрат во реонот каде се продава или купува недвижнина.
- Со апликацијата „watch dog“, извршителот од првиот момент кога би почнал една постапка ќе може да ги следи сите промени. Од една страна ова ќе оневозможи какви било манипулации со недвижноста, а од друга страна ќе се избегнат и одредени трошоци кои би настанале во постапката на извршување доколку навреме не би имале точна информација за тој имот, нагласи Зоран Петрески, претседател на Комората на извршители.
Овој систем според директорот на катастарот веќе е од корист и на поголем број на домашни фирми. Тие сега лесно доаѓаат до податок дали некој стан е под хипотека или има чисти документи пред истиот да биде ставен на продажба или извршување.
Досега преку електронскиот катастар граѓаните и правните лица превзеле над 554 имотни листови како и други податоци.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
