Влада: Исплата на октомвриските пензии од 31-ви октомври
Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година.
Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31.10.2022 година.
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);
-За пензии со висина 11.001 - 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);
-За пензии со висина 14.001 - 18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда) и
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток).
Ново на Сител
-

Лажат дека се болни за да добијат антибиотици: Речиси секој трет Американец признал дека го измамил лекарот
-

Село во Шпанија со само 40 жители понудило бесплатна куќа и сигурна работа – пристигнале 8.000 пријави, повикот е затворен
-

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода
-

Одредени групите за завршниот Мастерс во Торино
-

Реал Мадрид ја декласираше Црвена Звезда во кошаркарската Евролига
-

Седлоски: Се надевам дека ќе излеземе од негативната серија
-

Кристал Палас го отпушти менаџерот
-

Де ла Фуенте: Ниту Јамал, ниту некој друг играч има посебен третман во репрезентацијата
