Јужна и Северна Кореја разменија предупредувачки истрели во близина на морската граница
Јужнокорејската армија испука денеска предупредувачки истрели кон севернокорејски брод, оценувајќи дека ја прекршил поморската граница за која двете земји се спорат.
Севернокорејски товарен брод ја преминал северната гранична линија (NLL) во близина на островот Баенгјеонг во 3:42 часот по локално време, а потоа се вратил на север по предупредувачките истрели од јужнокорејската војска, соопшти началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја.
Севернокорејската армија соопшти дека јужнокорејски воен брод ја нарушил границата неколку минути подоцна, а војската на Пјонгјанг реагирала со истрелување десет артилериски гранати како предупредување.
„Уште еднаш упативме силно предупредување до непријателите кои стојат зад овие провокации на море кои доаѓаат по артилериски истрели и објавување на прекугранични пораки преку разглас”, изјави портпаролот на Генералштабот на севернокорејската армија.
Поморската граница, која се смета за жешка точка, низ годините беше сцена на серија судири меѓу двете Кореи.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
