Македонија
21. October 2022 - 18:37

Отворањето на Уставот ги открива барањата - покрај Бугарите се бара албанскиот да стане официјален јазик

Се комплицира процесот на уставните измени за внесување на Бугарите во највисокиот правен акт во државата. Албанските политички партии отворено почнаа да зборуваат за свои амандмани при отворањето на Уставот.

Од опозициската Алијанса на Албанците потврдија дека поддршката за уставните измени согласно преговарачката рамка со Брисел не е безусловна. Бараат албанскиот јазик изречно да се спомене како службен.

И од владејчката ДУИ иако изречно не потврдуваат дека имаат свои барања, велат дека траат меѓупартиски консултации за тоа дали и во која форма ќе имаат свои амандмани за уставот. Лидерот на ДУИ Ахмети веќе имаше една средба со лидерот на ДПА Тачи токму во насока  уставните измени за Бугарите да се искористат да се смени уставната формулацијата „20 отсто“ со албански народ и албански јазик.

Од ДУИ со консултации и размислувања и околу веќе услогалсените измени меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за законите за граѓански здруженија и политички партии за забврана и бришење на контроверзни историски имиња.

Партијата на Ахмети наводно разгледува дали ваквите измени можат да се однесуваат и некои здруженија и партии поврзани со Албанците во Македонија.

Министерот Османи пред неколку дена излезе со личен став околу законските измени – тие да немаат ретроактивно дејство како што се усогласија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.