-->
-->
Зголемена потрошувачката на вода во Кочани
-->

Високите темепаратури на подрачјето од Кочанска општина ја зголемија потрошувачката на вода од градскиот водоснабдителен систем. Испораката на вода е двојно зголемена, а бунарскиот систем кај Грдовски Орман и филтер станицата работат со полн капацитет.
- Енормно високите температури се причина за зголемената потрошувачка на вода од градскиот водоснабдителен систем. Просечната потрошувачка се движи од 220 до 250 литри во секунда, а максималната потрошувачка вчера изнесуваше 300 литри вода во секунда, изјави Александар Ефтимов,технички директор на КЈП „Водовод“ од Кочани.
Според Ефтимов најголема потрошувачлка се јавува во попладневните и вечерните часови и тоа посебно во приградските населби и деветте рурални средини кои се приклучени на градскиот вдовод на Кочани. За немањето вода во одделни делови на градот во вечерните часови причина е и енормното празнење на водоводниот систем, кој предизвикува и бројни дефекти на водоводната мрежа.
Според Ефтимов од КЈП „Водовод“ не најавуваат рестрикција на водата за пиење во Кочани. На сегашните расположиви 290 литри вода во секунда стојат на располагање и дополнителните количини на вода од најновиот бунар со 30 литри вода во секунда кој општина Кочани го изгради со средства од Швајцарската агенција за развој во рамките на малите проекти за заштита на сливот на река Брегалница. кг/цр/10:58
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопјанец објавувал туѓи серии и филмови на Фејсбук, заработи кривична
-

Тетовец осомничен дека присвоил над 41 милион денари од давачки при регистрација на возила
-

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски
-

Најтопло утро во Гевгелија, најстудено на Попова Шапка
-

Макрон: Средбите со европските лидери се депресивни, ми недостига Меркел
-

На атинскиот аеродром пратка „облека“ од Тајланд криела 207 килограми марихуана вредна милион евра
-

Голема полициска акција во Куманово: Се разбива криминална група осомничена за изнуда, лихварство и перење пари
-

Трамп по изборниот пораз со необична тема: Ја фали балската сала покрај Белата куќа
