Македонија
13. October 2022 - 16:39

Нов модел за субвенционирање

Владата го менува системот на субвенции во земјоделството. Пари од државата земјоделците веќе нема да можат да земат без да прикажат дека оствариле производство.

Дел од субвенциите ќе се добиваат авансно за да може да се купат потребните материјали во пресрет на земјоделската сезона, а остатокот ќе го добиваат во неколку етапи во зависност од тоа колкаво производство имаат и дали производите му ги предале на овластен откупен центар.

Дополнителен бонус ќе добиваат оние земјоделци кои одгледуваат култури за кои државата смета дека имаат стратешко значење.

Министерот за земјоделство потенцираше дека вкупната сума која државата планира да ја потроши за субвенции нема да се намали

Николовски потенцираше дека државата ќе ја зајакне и контролата за да се спречат злупотреби.

Порача дека во иднина сите земјоделски површини сателитски ќе се снимаат и на тој начин државата ќе контролира дали земјоделците кои земале пари од субвенции ја обработуваат површината и дали таа дава род.