Наставничката професија не е атрактивна за младите
За младите наставници да се мотивираат да останат во земјата, неопходни се реформи во образованието, а државата да вложува во условите за работа во училиштата, сметаат професорите на Факултетот за образовни науки. Неусогласеноста на средното со високото образование и со потребите на пазарот на трудот, менување на методите на работа во образовниот систем, се само некои фактори на кои им се потребни итни промени.
- Нашата држава има стратегија за образование, лоцирани се сите недостатоци. Вистинскиот пат е можеби долготраен, но повеќе фактори треба да се вклучат за подобрување на сите овие теми. Не е тоа работа на една институција- изјави проф. Кире Барбагеев, УГД - Штип
Учителствувањето кај нас не е атрактивна професија, поради ниските плати и намалената самодоверба на наставничкиот кадар.
- Тоа е болна тема која е редовно присутна кај нас и никогаш не е доволно направено за наставникот да се почувствува на нивото на кое треба да биде- изјави Зоран Митев,директор на ОУ „Гоце Делчев “- Штип
- Треба да се направат некои промени. Да се подобри образованието до некој степен, а потоа и да се наградат финансиски наставниците – изјави Јане Буревски, дипломиран наставник
Незаинтересираноста на младите за наставничката професија, доведе до дефицит од наставници по некои предмети, посебно во средните училишта.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар