Јанчева: Проектите во Скопје стојат заради бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски
Цела година Скопје стои во место поради лични и бизнис интереси на шпицниот градоначалник и ВМРО-ДПМНЕ.
По 11 месеци локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, повеќе од јасно е дека приоритет им биле тендерите и личните интереси, а решавањето на проблемите на граѓаните на последно место.
Наместо за скопјани, се правеле планови за тендери, провизии, влијанија. На крајот кога очигледно не можеле да се договорот јавно се скараа.
Резултат од нивните кавги се стопирани проекти и негрижа за скопјани.
Проектот БРТ за брзиот автобуски транспорт во Скопје не се реализира, иако за него има одобрени средства.
Недоправена стои Универзалната сала, иако за реконструкцијата има одобрено средства.
Нема напредок ниту кај клучката во Момин Поток, не се гради мостот на Љубљанска, не е пуштен мостот што ги поврзува Аеродром и Керамидница, ниту улицата Есенинова.
Заглавена е пречистителната станица за која во ВМРО-ДПМНЕ расправаат околу провизиите за тендерот во вредност од 136 милиони евра.
Нема ниту нови автобуси, за кои Христијан Мицкоски како шпицен градоначалник јавно се пофати дека ги договарал.
И ред други проекти и ветувања во Град Скопје стојат, се откажуваат и не се реализираат.
Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа Арсовска, и ги собираше потписите, заедно тераа кампања и ветуваа проекти пред Скопјани.
Сега ја знаеме причината зотшо ништо не е релиаизрано – локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо да се занимава со решавање на проблемите на граѓаните, се занимава со тендери и лични интереси.
Ги повикуваме Мицкоски и градоначалничката Арсовска да ги исполнат обврските што ги презеле пред граѓаните или да излезат и им се извинат за тоа што ги излажаа на локалните избори во 2021 година.
Прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница