Спасовски: Преку програмата „Сина храброст“ до силни и високопрофесионални полициски службеници
– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска присуствуваа на почетокот на третата обука во рамки на програмата „Сина храброст“, што ќе се реализира во наредните четири дена.
Како што е најавено, на обуката ќе земат учество 22 учесници од МВР, од Бирото за јавна безбедност, Секторите за внатрешни работи и Регионалните центри за гранични работи и одговорните лица од ИЦИТАП, за да ги усовршат вештините на инструктори за имплементирање на оваа програма.
За министерот Спасовски посебно задоволство причинува фактот што во овие 14 месеци, откако произлезе иницијативата за овој проект, „Сина храброст“ прерасна во образовен процес осмислен да обезбеди врвен развој на полицискиот службеник, од кого се очекува да е подготвен во секој момент да го отслика најдоброто, според она што го налага полициското работење.
– Токму развојот на овој концепт кореспондираше со мотото на МВР – Полицијата во служба на граѓаните, бидејќи е креиран да изгради висок стил на лидерство и служба во духот на она што демократското полициско работење им го ветува на своите граѓани. А тоа е, впрочем, нашата заедничка цел!“, истакнал министерот Спасовски.
Тој упатил посебна благодарност до организаторите – Меѓународната програма за обука и помош при вршење на кривични истраги (ИЦИТАП) при Одделот за правда на Соединетите Американски Држави, за огромната поддршка во заедничките напори во зацврстување на концептот на ефективен механизам за преобразба на постојната полициска култура, со фокус на личниот и професионалниот развој на полициските службеници кои ќе можат да работат на најоптимално ниво.
Со проектот „Сина храброст“, додал Спасовски, годинава се очекува обука на 2.000 полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи, во која тие учат тактики при инциденти и превенирање на последиците кои произлегуваат од нив. Овој концепт, кај полициските службеници ќе развие и психичка цврстина што ќе ја овозможи суштински потребната издржливост, па оттука целта на МВР, истакнал Спасовски, е обуката „Сина храброст“ да ја поминат сите вработени во полицијата и да стане составен дел од наставната програма на Центарот за обука.
– Причина повеќе е што развивањето на овој проект се очекува да придонесе за континуирана едукација на полициските службеници, навремено воочување на негативните појави и нивно отстранување, посебно во делот на личните предизвици со кои се соочуваат, како што се: меѓучовечките односи, идентитетот и интегритетот, грижа за здравјето и справување со стресот при извршување на секојдневните работни задачи. Сето ова очекуваме да поттикне предизвикување на позитивни промени кај полициските службеници, а со тоа и во сите сегменти на полициското работење, со крајна цел врвен професионализам и висока одговорност при извршување на полициските работи, рекол Спасовски, се наведува во соопштението од МВР.
Меѓу другото посочил дека МВР, во насока на градење на современ, ефикасен и подготвен безбедносен систем, постојано тежнее да одговори на сите предизвици, кои сѐ почесто се трансформираат во нови појавни облици, што бара организиран, систематски и професионален пристап во работата на полицијата.
Уште еднаш во свое и во името на МВР, ја потврдил целосната поддршка во понатамошните активности за имплементација на програмата „Сина храброст“, со уверување дека преку овој проект заеднички ќе се успее во целта да се создадат лидери во полицијата, силни и високопрофесионални полициски службеници кои ќе се грижат за доследно спроведување на законот, во служба на граѓаните, што претставува и клучна цел на Министерството за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето
-
Забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа поради силниот ветер
-
Дончиќ поради повреда ќе отсуствува најмалку еден месец
-
Финска задржа руски брод, под сомнение дека е поврзан со саботажа во Балтичкото Море
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства
-
Тошковски ќе ги презентира резултатите од работата на МВР за изминатата година
-
Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000 граѓани на ЕУ; Европската унија нема коментар