Курти: Западот треба да се загрижи поради договорот меѓу Белград и Москва

Косовскиот премиер Албин Курти порача дека блискоста на режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ со оној на рускиот лидер Владимир Путин, „треба да ги алармира западните демократски центри“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Коментарот на Курти уследи по информацијата дека шефовите на дипломатиите на Србија и Русија, Никола Сељаковиќ и Сергеј Лавров, на маргините на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржа неделава, потпишале договор за координирање двете држави на планот на надворешната политика. Коментирајќи ја изјавата на Вучиќ дадена денеска во Вашингтон дека Косово бара да се снабди со артилерија со дострел од над 10 километри, Курти рече дека, за разлика од Србија, која ја води „еден претседател на застрашувања и закани“, Косово има „власт која е демократска, прогресивна и надежна“.
– Со прашањата на одбраната и безбедноста на Косово, ние имаме министер за одбрана и министер за внатрешни работи, но ние сме власт која е демократска, прогресивна и надежна додека се соочуваме со северните соседи, кои ги води еден претседател на застрашувања и закани, кој освен што владее на недемократски начин и не ги признава злосторствата на режимот на (Слободан) Милошевиќ во Косово, исто така одржува тесни врски со Руската Федерација, што го видовме од договорот на министрите за надворешни работи и што треба да ги алармира западните демократски центри, изјави Курти по неговата денешна средба со косовските градоначалници.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Влашката заедница има значаен придонес во градење на македонската држава
-

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“
-

Реал Мадрид втор финалист во Евролигата
-

Муцунски: Во Западен Балкан сè уште постојат безбедносни ризици, регионот и понатаму треба да биде во фокусот на НАТО
-

Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите
-

Најниска температура изутринава на Попова Шапка, највисока во Гевгелија
-

Студентите во блокада во Србија организираат протест во Белград
-

Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата
