Работодавачите бараат да продолжи субвенционирањето на придонеси за социјално осигурување

Организацијата на работодавачи на Македонија бара до 31 октомври 2024 година да продолжи примената на Законот за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата.
– Нашето барање е членот 11 кој во постојниот закон гласи: „Овој закон ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година“ да се измени и да гласи: „Овој закон ќе се применува од 1 ноември 2022 година до 31 октомври 2024 година“, информираат од ОРМ.
Оваа иницијатива, како што посочуваат, е покрената по направените консултации со нивните членки.
– Имајќи ја предвид моменталната економска и енергетска криза, кога компаниите се
соочуваат со енорно зголемени трошоци за производство и ги прават сите напори да останат конкурентни на пазарот и да ги задржат работните места, сметаме дека е од особена важност да се продолжи со субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување по основ на зголемување на плата како би може да го издржат периодот кој престои. Сакаме да истакнеме дека се работи за закон, кој имаше поставено јасни цели за неговото донесување, беше многу лесно применлив и ја оствари целта за која што беше донесен –покачување на платите на вработените, се наведува во соопштението од ОРМ.
Ново на Сител
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
