Борел на неформална средба со регионалните лидери од Западен Балкан
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел, вчера беше домаќин на неформален ручек со лидерите од Западен Балкан, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.
Овие неформални собири се одржуваат двапати годишно во Брисел и Њујорк и служат како неформална можност за размена на мислења за предизвиците во регионот и за европската иднина на регионот, соопшти ЕУ. Вчерашната дискусија била фокусирана на глобалното и регионалното влијание на илегалната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина.
Високиот претставник Борел и лидерите од Западен Балкан разговараа како заеднички да се решат штетните последици од оваа војна врз цените на храната и енергијата и врз стабилноста и безбедноста во Европа и на глобално ниво. Борел ја истакна поддршката што ЕУ ја дава на Западен Балкан за зајакнување на енергетската безбедност и за справување со хибридните закани, вклучително и за кибер и странски манипулации со информации и мешање, се вели во соопштението.
ЕУ и Западен Балкан ќе продолжат да стојат заедно во соочувањето со предизвиците што неиспровоцираната војна на Русија против Украина ги наметнува на глобално ниво. ЕУ целосно го поврзува Западен Балкан со своите иницијативи за ублажување на влијанијата од војната.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот