Скопјани се шетале со пиштоли и дрога во Чаир и Бутел, приведени 4 лица
Полицијата ноќеска меѓу 20 и 01 часот по спроведени мерки во Скопје. Кај тројца било пронајдено оружје, а кај еден марихуана.
– На 16/17.09.2022 во периодот од 20.00 до 01.00 часот на подрачје на општините Чаир и Бутел, постапувајќи по оперативен план, полициски службеници од Полициските станици Чаир и Бит Пазар во содејство со полициски службеници од Единицата за безбедност на сообраќајот на патиштата, Единицата за интервентна полиција, Отсекот за криминалистичка полиција, Единицата за недозволена трговија и Единицата за брзо распоредување, спроведоа зајакнати мерки и притоа од слобода лишија и приведоа четири лица, соопшти мВР.
Ноќеска во 00.50 часот на ул.„Босна и Херцеговина“ од слобода бил лишен С.Ц.(42) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Глок 9×19“, две рамки за пиштолот и 30 куршуми 9мм.
Истата ноќ во 01.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ од слобода бил лишен А.Ќ.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во полициска станица биле приведени и С.Д.(25) од село Грчец, скопско и Е.Ј.(42) од Скопје. С.Д. бил приведен на синоќа во 22.00 часот на ул.„Кемал Сејфула“затоа што кај него биле пронајдени и одземени револвер „Таурус ин“ и седум куршуми 9 мм. Е.Ј. бил приведен на 1во исто време на ул.„Цетинска“ затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Сиг сауер“ и две рамки со 17, односно 15 куршуми 9 мм.
При контролите, како што информира МВР, биле констатирани 53 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, седум по Законот за возила и биле одземени три моторни возила.
Ново на Сител
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
-

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
