Путин: Ако ЕУ ги укине санкциите, Русија ќе го донира ѓубривото на земјите во развој

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да испрати над 300.000 тони руско ѓубриво, заглавено во европските пристаништа, до земјите во развој, доколку Европа се согласи дополнително да ги ублажи санкциите за рускиот извоз.
Путин, во говорот на Самитот на Шангајската организација за соработка во Узбекистан, истакна дека Европа само „делумно“ ги укинала санкциите што ја попречува продажбата и дистрибуцијата на руски ѓубрива низ светот. Тој ја поздрави одлуката на Европска Унија за ублажување на некои логистички санкции за рускиот извоз, но во исто време ја обвини ЕУ за себичност. – Само тие можат да ги купат нашите ѓубрива. А што е со земјите во развој и најсиромашните, праша Путин на Самитот.
Како дел од договорот со Украина, Турција и ОН, кој беше постигнат во јули, на Русија и беше дозволено да ги продава своите ѓубрива на глобалниот пазар, но мораше да ја укине блокадата на јужните украински поморски пристаништа и да и дозволи на Украина да извезува жито.
Ново на Сител
-

Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите
-

Казнетата новинарка Вејсели: Срамен преседан е да бидам казнета зашто го објавив името на судијата, во Тетово и Гостивар не е како во Скопје
-

Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња, повредени нема
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
-

Червар: Правилата мора за се променат
