Судењето за убиството на Денис Тот продолжува на 26 септември
Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 26 септември, откако денеска одбраната даде воведни зборови и започна доказната постапка со испрашување на тројца сведоци.
Одбраната во своите воведни зборови на денешната расправа кажа дека не смета дека правната квалификација за кривичното дело „убиство“ кое им се става на товар на обвинетите за смртта на хрватскиот ракометар е одржлива и дека ќе докажува дека не постои умисла за истото.
Обвинителството, пак, на првото рочиште истакна дека располага со две ЦД-а од безбедносни камери од кои јасно може да се види целиот настан кој се случил критичната вечер, а пред сѐ, поединечно, дејствијата на секој од обвинетите кои ги презеле тој ден.
Обвинетите за убиството на хрватскиот ракометар на изминатото, прво рочиште пред Судечкиот совет во Основниот Кривичен суд – Скопје, изјавија дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело кое им се става на товар.
Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.
– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.
Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.
Ново на Сител
-

Битолчанец не се отрезнил два дена, го фатиле со 3,23 промили па за 30 часа со 3,50 промили алкохол во крвта
-

Муцунски ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето и заради сопствената безбедност
-

Серафимовски: Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
-

Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
-

За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство
-

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот
