Кулеба: Ова е доказ дека можеме да ги победиме Русите

Успехот на Украина во борбата против Русија покажува дека земјата може да ги победи, но на Киев му треба повеќе оружје од своите партнери, изјави синоќа украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Москва вчера го напушти своето главно упориште во североисточна Украина, откако украинските сили го забрзаа напредувањето. Кулеба, зборувајќи на прес-конференција со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок која беше во посета на земјата, рече дека некои сојузници првично не сакале да испратат оружје, наведувајќи го ризикот од антагонизам од рускиот претседател Владимир Путин.
– Сега, фала му на Бога, повеќе не го слушаме овој аргумент. Покажавме дека сме способни да ја победиме руската армија. Тоа го правиме со оружјето што ни е дадено. И затоа повторувам – колку повеќе оружје добиеме, толку побрзо ќе победиме и толку побрзо ќе заврши оваа војна, рече тој. Иако Германија испрати самоодни топови во Украина, Киев сака и борбени тенкови Леопард, борбени возила Мардер и противвоздушни тенкови Гепард.
– Секој ден, додека некој во Берлин размислува, се консултира или разгледува дали да даде тенкови или не, некој умира во Украина, поради фактот што тој тенк не пристигнал, рече тој. Баербок вети натамошна воена помош и не ја исклучи можноста за испорака на борбени тенкови.
– Знам дека времето е клучно. Следните неколку недели и месеци ќе бидат од суштинско значење, рече таа.
Ново на Сител
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
