Спорт плус
5. February 2016 - 11:04

Нова атракција, одбојка на снег!

Европската одбојкарска федерација, ЦЕВ најави нова дисциплина во новата сезона. Одбојка на снег а првите турнири се планирани во Чешка на 12.13 март во Шиндлеров Млин.

Потоа следуваат турнири во Австрија и Италија.
Одбојкарите ќе се натпреваруваат во женска и машка конкуренција со 16 односно 32 екипи а на располагање ќе имаат 32  терени.
Турнирите ќе траат по два дена.