Никој немало во кокпитот на урнатиот авион во Балтичко Море

Приватниот авион Цесна што синоќа се урна во близина на брегот на Летонија, беше придружуван од авиони на НАТО, соопшти шведската спасувачка служба. Четири лица летале со авионот Цесна 551, регистрирана во Австрија летал од Херез, јужна Шпанија кон Келн.
Но, наместо кон Келн авионот се упатил кон Балтичко Море. Авионот двапати свртел кај Париз и кај Келн и се упатил преку Балтикот, прелетувајќи го шведскиот остров Готландф и набрзо почнал да губи брзина и висина. Борбени авиони на НАТО, стационирани во Естонија го следеле авионот.
Пилотите и шведски претставници изјавија дека никого не виделе во кокпитот. Портпаролот на литванското воено воздухопловство изјави дека на барање на Летонија испратен е литвански борбен хеликоптер во спасувачка мисија.
– Спасувачките тимови немаат објаснување, можеме само да шпекулираме за тоа што се случило, но јасно е дека луѓето во авионот биле онеспособени, изјави шведскиот началник за пребарување и спасување Ларс Антонсон. Тој додаде дека не се пронајдени човечки останки.
Ново на Сител
-

Израелската армија започна нови напади врз Техеран
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија
-

Ирански медиуми: Махмуд Ахмадинеџад убиен во воздушен напад во Техеран
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
-

Бројот на жртви во ракетниот напад во Беит Шемеш се искачи на шест
-

Израел отфрла вина за нападот врз иранското основно училиште за девојчиња
-

Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка, ќе се реконструира и граничниот премин Деве Баир
-

Лидерот на Хезболах жали за „маченикот“ Хамнеи
