Свет
5. September 2022 - 8:38

Поради поплави прогласена вонредна ситуација во американската држава Џорџија

Невреме проследено со обилни дождови од синоќа ги зафати северозападните делови на американската сојузна држава Џорџија, предизвикувајќи поплави во некои области.    

Медиумите објавуваат снимки од поплавени патишта и сопственици на куќи кои се обидуваат да спречат водата да навлезе во нивните домови. Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, доцна синоќа прогласи вонредна состојба во окрузите Чатануга и Флојд и ги насочи државните ресурси да помогнат во активностите за справување со непогодата. Националната метеоролошка служба извести дека врнежите од дожд до два и пол сантиметри на час предизвикале пораст на нивото на водата во реките, поплавувајќи патишта и урбани средини.

Според гувернерот, во областа наврнал околу 30 сантиметри дожд. „Ова е исклучително опасна ситуација по живот. Не обидувајте се да патувате освен ако бегате од поплавено подрачје или не ви е наредено да се евакуирате“, соопшти метеоролошката служба, прогласувајќи вонредна состојба во неколку области. Во градот Самервил се апелира до населението да се преврива водата од градскиот водовод, поради тоа што со поплавите е зафатена и пречистителната станица.