На патеката кон Пониква се возеше ридско-брзинската трка „Кочани 2022“
![]()
На регионалниот патен правец од Кочани кон планинскиот рекреативен центар Пониква попладнево се возеше ридско-брзинска трка во рамки на Државниот шампионатот во автомобилизам што се бодува и за ФИА.![]()
На патеката долга 5,9 километри, во четири класи, учествуваа 26 возачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Косово.
Организатор на натпреварот беше АКК „Перформанс“ од Скопје, во соработка со Автомобилистичката федерација на Македонија, Здружението на возачите – Кочани и Општина Кочани.
Подготвеноста на патеката беше одлична, а во најниската класа Е1-1400 најбрз беше Наков Георгиј, член на клубот организатор на трката, кој со возилото застава југо патеката ја помина со време од 4:03.13. Неговиот клупски колега Слободан Трајковски, во класата Е1-1600, исто така со застава југо оствари најдобар резултат од 3:34.10.
Во класата Е1-2000 победи уште еден возач на АКК „Перформанс“, Александар Ангеловски, кој со возилото со хонда сивик возеше 3:31.50.![]()
Меѓу донашните возачи во најсилната класа Е1+2000 патеката најбрзо ја помина Влатко Костовски од АКК „Проспорт“ со возилото опел астра, возејќи 3:34:13.
Кочанскиот возач Донче Иванов, кој со застава југо настапува за АКК Фичо 600 од Скопје, во првото возење излета од патеката и остана без пласман, додека Дејан Манасиев од Кочани во клчасата Е1-1200 со рено клио беше четвртопласиран.
Ново на Сител
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
