АДАК: Драстично зголемување на цената на горивата во Германија

Откако истече времетраењето на владините мерки за субвенционирање на цените на горивата, цените на бензините и дизелот во Германија од ноќеска драстично поскапеа, соопшти Генералниот германски автомобилски клуб (АДАК).
„Од вчера до денеска бензините поскапеа во просек за 25 центи, а дизелот за 10 центи по литар“, соопштија од АДАК. Во правилото цената на литар гориво на сите бензински пумпи ја надминуваше границата од две евра. Германската Влада во јуни го намали данокот на нафтените деривати на дозволениот минимум за три месеци, што теоретски овозможи намалување на цената на горивото за 35 центи за бензинот и 17 центи за дизелот. АДАК смета дека нафтените компании во ниту еден момент не ја искористија целосната можност за намалување на цената на горивото, која не падна значително за време на летниот распуст и ја зголеми побарувачката.
-Уште од објавувањето на мерките за намалување на даноците, постоеше голема недоумица дали нафтените компании ќе ги префрлат намалените трошоци врз крајните корисници, рече Катрин ван Ранденборг од АДАК. Нема оправдување ни за последното поскапување, тврдат од најголемиот европски автомобилски клуб.
Претставниците на нафтените компании зголемувањето на цените го оправдуваат со растот на побарувачката, намалениот капацитет на рафинериите и логистичките проблеми. Од самиот почеток на мерките голем дел од јавноста ја критикуваше владината одлука за поевтинување на горивото и воведување субвенциониран билет за јавен превоз, што беше окарактеризирана како контрадикторна мерка.
Ново на Сител
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
-

Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот
