Митревски: Доколку опозицијата достави предлог за формирање Анкетна комисија прифаќаме дискусија во Собрание
– Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски изјави дека доколку опозицијата достави предлог за формирање Анкетна комисија што ќе го ревидира трошењето на народни пари за време на сите кризни состојби, СДСМ се подготвени да прифатат и да дискутираат во Собранието.
– Да, ќе ја прифатиме, да разговараме во Собранието и за тоа што сега се случува во енергетскиот сектор, но и за тоа што се случувало во минатиот период во енергетскиот сектор, во време на ВМРО-ДПМНЕ. Како тоа се набавувала струја три пати поскапа од пазарната. Како во период кога немало енергетска криза струјата поскапела 100 проценти. Колкаво било тогаш, во време на ВМРО-ДПМНЕ субвенционирањето на сметките за струја, а колкаво е сега, колкав е пакетот мерки и колку се вложува сега за да им се помогне на граѓаните а колку вложувале претходно. Дали се вложувало тогаш во некој енергетски објект или во приватни мини хидро централи? Или сега се вложува во фотоволтаици,изјави Митревски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ потврди дека ја прифаќаат намерата, а до опозицијата порача да го достават предлогот, по што ќе биде отворена дискусија.
На прашањето дали СДСМ ќе успее да ги убеди коалициските партнери за гласање на уставните измени, Митревски истакна дека ако се најде начин за двотретинско мнозинство за уставните измени за внесување на Бугарите, Црногорците, Хрватите и сите кои имаа барање тоа да се случи, нема да има проблем со коалициските партнери.
– Ние функционираме во иста коалиција и секако дека имаме различни мислења по одредени прашања, но сепак мислам дека нема да има никаков проблем, заклучи тој.
Во однос на блокадите во Законодавниот дом, координаторот на пратеничката група на СДСМ оцени дека се неодговорни и дека со нив не се постигнува ништо, освен што се одолговлекува.
Ново на Сител
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
-

За 24 часа уапсени 5 возачи, четворица возеле без дозвола, додека една жена пијана предизвикала две сообраќајки
-

Пронајдена и казнета жената што со Порше фрлаше ѓубре во Лепенец – казнета и за непрописно паркирање
-

Викендов пресврт на времето, дожд и грмежи, потоа пад на температурите
-

Дедо од Кавадарци пронашол паричник па си пазарел со картичката како да е негова
-

Судење за „Пулс“: Дејан Јованов не ја дал на увид лиценцата за работа, а пристапот бил блокиран од возила
-

35-годишник почина откако го удрила струја додека миел автомобил со вап-машина
-

Вештачката интелигенција почнува да „делува сама“: OpenAI откри шест опасни случаи
