Чешка Влада: Со штедење и ако биде блага зимата земјата ќе има гас до следното лето
Чешка веќе има обезбедено резерви во магацини и испораки од други извори за следните 11 месеци доколку Русија престане да испорачува гас за Европа, под услов зимата да биде блага и Чесите и компаниите да заштедат 15 отсто од потрошувачката, како што е договорено во Европската Унија, соопшти Владата.на Чешка.
– Ако протокот на руски гас во Европа биде запрен, со капацитетите што се обезбедени, ние сме во состојба да гарантираме функционирање на домаќинствата и деловните субјекти во следните 11 месеци на нормални температури без никакви проблеми, изјави министерот за финансии Збињек Стањура за јавниот ТВ сервис ЧТ.
Во ЕУ, Чешка е една од најзависните од рускиот гас, иако не го купува директно од Гаспром, туку на берзата во Германија, па затоа владата на премиерот Петр Фиала реши да ги наполни магацините побрзо од просекот во ЕУ.
– На европско ниво донесена е одлука земјите-членки до крајот на септември да ги полнат магацините до 80 отсто од нивниот капацитет. Во овој момент, во втората половина на август, имаме повеќе од 82 отсто. со цел за 90 проценти, рече Стањура.
Чешката Влада сакајќи да не се повтори минатата есен кога Гаспром ги остави полупразни магацините за гас во Европа, им ги одзеде капацитетите на оние кои не ги користат и 13 компании останаа без неискористените капацитети во девет магацини во Чешка со вкупен капацитет од 3,5 милијарди м3.
– Пред грејната сезона се обидовме да помогнеме максимално да се создадат резерви. Затоа го воведовме правилото „искористи или изгуби“ за да спречиме блокирање на капацитетите. Сега се покажува дека тоа бил вистинскиот чекор што ја зајакнува чешката енергетска безбедност, изјави министерот за индустрија и трговија Јозеф Сикела.
Ново на Сител
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
-

Во Влада состанок за Реформската агенда
-

Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер
