Буџетот е добро позициониран за да ја издржи кризата, уверува Бесими
– Буџетот е добро позициониран за да може да ја издржи кризата. Подготвени сме навремено да одговориме на секој предизвик. Кризата е сериозна и може да потрае со оглед на она што се случува во Украина и на светско ниво што значи дека мораме да се подготвиме за маратон, оценува министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА.
Вели дека се подготвуваат таргетирани антикризни мерки, не сакајќи да прејудицира кога би почнала нивната имплементација, но смета дека најважни се последниот квартал од годинава и наредниот квартал од следната година.
– Не би сакал да прејудицирам со датуми, но она што сите го очекуваат е кога ќе биде најважно. Тоа е последниот квартал од годината и наредниот квартал на годината. Мислам дека ги правиме сите неопходни чекори не само од аспект на мерки, туку и од аспект на заштеда на енергија, вели Бесими.
Додава дека зимата ќе биде тешка и дека е важно да се обезбедат доволни количини на електрична енергија и храна за да може да се преброди овој период и од следната година да имаме стабилна основа за раст.
Ново на Сител
-

Над 14 500 кандидати за полагање на матурата, денеска изборен екстерен испит - странски јазик, математика или историја
-

Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа
-

Во недела средба Макрон, Мерц, Стармер и Зеленски
-

Променливо облачно време со дожд и грмежи, температури до 34 степени
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
