Loading Video...
Ракомет
14. August 2022 - 17:54
Македонските ракометни надежи триумфираа на ЕХФ шампионатот во Рига
Македонските ракометни надежи го освоија златниот медал. Младите македонски ракометни со пет победи во исто толку одиграни средби го освоја 1.место на ЕХФ шампионатот за играчи до 18 години што се одржа во Рига, Летонија.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ попладнево во финалето ја совладаа селекцијата на Швајцарија со 24-22 полувреме 13-10 и заслужено се закитија со златото.
Триумфот на ова првенство е дотолку поголем за оваа генерација, која се овој резултат се избори и за настап на две следни големи натпреварувања.
Тие следната година ќе играат на Светското првенство за ракометари до 19 години, а во 2024-та ќе бидат и дел од елоитата на Европскиот шампионат за играчи до 20 години .
-
Игор Tрпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->