Најмногу дожд во Виница, најмалку во Гевгелија

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнале во Виница, 23 литри на метар квадратен, а најмалку во Гевгелија, два литра.
Како што соопшти УХМР; до 8 часот утрово измерени се и 16 литри на метар квадратен воден талог во Крива Паланка, 14 во Берово, 13 во Скопје-Петровец, 9 во Струмица, 7 во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија, 6 во Штип и Маврови Анови, 4 во Дебар, Дојран и Попова Шапка, како и 3 во Ѓуриште. И утрово времето е променливо облачно, а на повеќе места, особено во северозападните и источните делови, повремено врне пороен дожд, но има и грмежи и засилен ветер.
Во текот на денот, според УХМР, ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за изолирана појава на град. На места ќе наврне поголема количина на воден талог. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, во делови од котлината со пообилни врнежи. Максималната температура ќе достигне 25 степени.
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
