-->
-->
МЗ: Прв суспектен случај со мајмунски сипаници, пратен на тестирање
-->
На Клиниката за инфективни болести нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници. Во врска со пациентот кој се споменува во медиумите, според информациите од кичевската болница, станува збор за суспектен пациент кој е во добра здравствена состојба и со уредни лабораториски резултати, кај кого е дадена препорака за тестирање, соопшти денеска Министерството за здравство.
Во моментов, како што посочуваат, се организира епидемиолошки тим кој ќе спроведе епидемиолошка анкета.
До овој момент не е доставен материјал за тестирање во Институтот за јавно здравје и во државата нема потврден случај со мајмунски сипаници, информираат од Министерството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло