Кинеска ракета тешка 22,5 тони падна на Земјата над Индискиот Океан

Кинеска ракета падна на Земјата во саботата над Индискиот Океан, а НАСА наведува дека Пекинг не ги споделил „специфичните информации за траекторијата“ потребни за да се утврди каде би можеле да паднат остатоците.
Американската вселенска команда соопшти дека ракетата „Долг марш 5Б“ повторно влегла во атмосферата на Земјата над Индискиот Океан околу 12:45 часот по локално време, но ги доведе во прашање „техничките аспекти на повторното влегување, како што е потенцијалното место на расфрлање на отпадот“.
„Сите вселенски нации треба да ги следат воспоставените најдобри практики и да го дадат својот дел за да го споделат овој тип на информации однапред за да овозможат веродостојни предвидувања за потенцијалниот ризик од удар на отпадот“, рече администраторот на НАСА, Бил Нелсон.
Тој додаде дека „тоа е од суштинско значење за одговорно користење на вселената и за обезбедување на безбедноста на луѓето овде на Земјата“.
Корисниците на социјалните мрежи во Малезија објавија видео од објект кој личи на ракетни остатоци.
Aerospace Corp, непрофитен истражувачки центар во близина на Лос Анџелес, финансиран од владата, рече дека е несовесно да се дозволи делот од 22,5 тони од ракетата да се врати на Земјата неконтролирано.
Ракетата беше лансирана на 24 јули за да испорача лабораториски модул до новата кинеска вселенска станица во изградба во орбитата,што е трет лет на најмоќната кинеска ракета од нејзиното прво лансирање во 2020 година.
Ново на Сител
-

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ, Украинците ќе донесат војна
-

Скопје почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар
-

Трамп: Куба е на „раб на пропаст“
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Драмата во Малме меѓу Шведска и Унгарија со нерешен резултат
-

Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати
-

Шведска размислува за промена на валутата
-

Собранието ќе ја одржи 83. седница, на гласање новите состави на ДИК и КСЗД и измените на Кривичниот законик
