ВМРО-НП: Тенковите кои и се подаруваат на Украина не се добиени како помош туку се купени
ВМРО-Народна партија во врска со дискусијата која се отвори деновиве за потеклото на тенковите кои се подаруваат на Украина, сака да појасни неколку работи за да не се создаваат непотребни забуни.
Под услов ако се работи за истите тенкови кои се набавени во кризата 2001 година, сакаме да потенцираме дека тенковите Република Македонија не ги доби како донација од Русија, како што пишуваат некои медиуми, туку државата ги купи од Украина, што беше многу важна помош со оглед дека тогаш имаше неофицијално емабрго за продажба на оружје за Македонија.
Сакаме да додадеме и нагласиме дека дека тенковите не се добиени како помош туку се купени со македонски пари.
Согласно тоа добро е Северна Македонија да добие некаква компензација од НАТО земјите со оглед на фактот дека ова оружје е сеуште функционално и употребливо.
Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија
Ново на Сител
-
Орбан: Украина ги засилува нападите врз Унгарија поради противењето на нејзиното членство во ЕУ
-
Уапсени три криминалци од Куманово барани со потерници за затворски казни
-
Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Во среда се гласа извештајот за Македонија
-
Муцунски во Хаг
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода