-->
-->
Искршени стакла и дупнати гуми на македонски возила во Грција | ФОТО
-->
Фотографии на кои се гледаат искршени стакла и дупнати гуми на возила со македонски регистарски таблички во грчкото одморалиште Калитеа, објави порталот Фактор.
Инцидентот е пријавен, но полицијата се уште не излегла да изврши увид.
Информациите велат дека најголемиот дел од оштетените десетна возила биле паркирани кај плажата во непосредна близина на хотелит „Зевс“, но имало оштетени возила во центарот на Калитеа.
Сопствениците на оштетените возила се чувствуваат загрозено од овој немил настан. Стравуваат да не доживеат и други инциденти.
„Не знаеме како ќе ја поминеме ноќта“, велат тие за Фактор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани