Наскоро ќе започне испораката на жито од Украина, потврдуваат турски и руски претставници

Првите количини украинско жито би можеле да бидат натоварени на бродовите оваа недела, а потоа ќе започне извозот на жито, објави неименуван турски претставник.
„Нема да поминат повеќе од неколку дена. Се чини дека оваа недела ќе се натоварат првите зрна и дека ќе се изврши извозот од Украина“, вели турскиот функционер. Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко потврди дека првите бродови со украинско жито наскоро би можеле да испловат кон Црното Море.
Сепак, тој предупреди дека договорот за деблокирање на извозот на украинското жито, постигнат со посредство на Турција, може да пропадне доколку наскоро не се отстранат пречките за извоз на руски земјоделски производи.
„Судејќи според она што го велат нашите колеги од Турција, каде што се наоѓа (заедничкиот) координативен центар, се очекува во блиска иднина да започнат испораките, барем од Украина“, рече Руденко. Тој изрази надеж дека договорот за жито ќе опстане.
Ново на Сител
-

Стармер соопшти дека поднесува оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија
-

Лекарите преку обуки се вклучуваат во борбата против корупцијата во здравството
-

Разговорите меѓу САД и Иран ќе продолжат до крајот на неделата
-

Во Кочани изложба на фудбалски дресови посветена на Андреј Лазаров и жртвите од пожарот
-

СП 2026: Ибрахимовиќ призна дека заспал за време на натпреварот Белгија – Иран
-

Соларен саем во Охрид, информации за придобивките од користењето на соларната енергија
-

Салах по првата победа на СП: Неверојатно е, не знам како да го опишам чувството со зборови
-

Ѓорѓиевски: Улиците се перат континуирано, Скопје добива поубав и поуреден лик
