Обуки за полесно вработување на лицата со инвалидност

Сите невработени лица кои се глуви или наглуви, слабовидни или слепи од денеска ќе може да аплицираат за обуки за водоинсталатери и аргонзаварувачи, односно за масери терапевти, за ориентација во простор и описменување на браево писмо, со што ќе се стекнат со вештини барани на пазарот на труд и полесно ќе дојдат до вработување.
- Обуките ќе бидат четиримесечни, од кои тримесечна обука и едномесечна пракса во реални работни услови. Обучувачите или центрите за обука ќе добијат финансиски надоместок во висина од 30 илјади денари за реализација на обуките, додека лицата со инвалидност ќе добијат околу 8 илјади денари за надоместување на нивните трошоци за храна, превоз и осигурување во случај на несреќа при работа, информира заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, по средбата со претседатели на националните сојузи за слепи и за глуви и наглуви лица и директорите на АВРМ и двете средни училишта кои ќе ја реализираат обуката.
Денешната мерка, рече Спасов, е насочена кон зголемување и подобрување на вештините преку кои што овие лица побрзо и полесно ќе стигнат до работа.
- Со овие обуки започнува процесот на поголема интеграција на лицата со инвалидност, на зголемување на нивните вештини и на нивно работно оспособување. Во наредниот период со националните сојузи, училиштата и приватните компании ќе се работи на сертифицирање на поголем број вакви обуки со кои лицата со инвалидност ќе се стекнат со вештини побарувани на пазарот на труд и кои ќе можат побрзо да дојдат до посакуваното работно место, истакна Спасов.
Директорот на АВМР Влатко Поповски изрази надеж дека и компаниите ќе ја видат оваа позитивна мерка и на дел од овие едуцирани лица ќе им понудат работни места, бидејќи, како што рече, дел од овие едукации се вистински барани на пазарот на труд и се дефицитарни занимања.
- Ги поканувам сите компании од домашната сфера и од инвеститорите по завршувањето на четиримесечната обука да дојдат во АВРМ и да им ги понудиме овие обучени лица. Иако имаат инвалидност тие се добри и верни работници во секоја компанија, рече Поповски.
Претседателот на Националниот сојуз на слепи и слабовидни лица Жарко Салкоски смета дека овие обуки ќе им помогнат овиле лица полесно и побрзо да дојдат до работа, а вештините пак ќе им овозможат да имаат подобра мобилност во просторот и посамостојно живеење.
Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица го дели ставот на Салкоски и додаде дека од лицата кои се членови на здружението веќе има интерес да почнат да ги посетуваат обуките.
Ново на Сител
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
-

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, кои ќе се гонат за компјутерска измама и злоупотреба на службена положба
-

Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија својата волја, очекувам поголем притисок врз Русија
-

Децата во Германија, Австрија и Унгарија за Ноќта на вештерките добиле колачиња со игли и шајки
-

Познат идентитетот на починатите во Богданци: Билјана (17) и Виктор (21) – обвинителството се сомнева на убиство и самоубиство
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
