Стоилковски: Владата да не бега од референдум, ако навистина постигнала историски успех тоа мора да го провери пред народот
Владата да не бега од референдум, да не се плаши од народот.
Влада што навистина постигнала историски успех нема зошто да се крие од народот.
Доколку владата на ДУИ/СДСМ сметаат дека постигнале нешто големо, нека излезат на референдум пред народот. Нема потреба од забави во 15 градови, доволно е да се прифати собирање потписи за иницијатива за референдум.
Само народот е суверен во секоја држава, дури и во Македонија. Тој мора да може да каже дали е ова историски успех или историски чин на предавство, асимилација и бугаризација на Македонија.
Владата мора да го провери овој чекор пред народот, ДУИ/СДСМ мора да проверат дали се во право тие, или оние интелектуалци и општествени дејци коишто, за жал власта ги нарекува „хистерични“.
Почитувани, Владата прифати документ којшто не носи европска иднина, туку асимилација, само со една цел фотографирање во Брисел и нова лага за купување ден повеќе на власт.
Јасно е, прифатеното од ДУИ/СДСМ носи само до два порази- или бесконечни преговори, или асимилација по бугарски терк.
За Македонија мора да важат исклучиво Копенхашките критериуми, Македонија не смее да биде експеримент, туку за неа, по 17 години чекање мора да важат истите правила коишто важеле за сите други земји- членки на унијата.
Ковачевски, Османи и Маричиќ да не тераат инает на народот кој над 73% е против ваквиот предлог, да не тераат инает со странски и домашни експерти и уште пострашно, да ги нарекуваат хистерични. Доколку не сметаат дека чинот е предавство, нека излезат на референдум.
Постои опција како да се спречи предавството, постои опција како да се спречи Бугарија да диктира учебници, Бугарија да организира прослави на свои верзии на биографии за македонските херои, Бугарија да ги бугаризира македонските споменици и митови за борбата за државност. Постои опција како да се избегне дополнително национално понижување, и држава во позиција на потчинетост. А тоа е референдум!
И денеска повторуваме, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи измени на Уставот, за Ковачевски да почне со асимилација во замена за лична власт! Тоа е уцена пред Македонија спротивна на европските вредности и принципи.
Овој процес е штетен и опасен за Македонија. И мора да биде ставен пред народот. Власта затворена во својата одлепеност, ако смета дека направила успех, нека не се плаши и бега од народот на референдум. Волјата на народот е суштината на демократијата и затоа треба да е конечна.
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
