Ангелов најави средба на Отворен Балкан: Ќе договараме меѓусебна помош за побрзо гаснење на шумските пожари

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во Тема на денот на Сител ја наброја целата опрема која ја има нашата држава за справување со шумските пожари и најави средба на Опен Балкан во Тирана на која што ќе се договара меѓусебна помош за шумските пожари.
- Екслузивно во вашиот прилог да кажам дека наредната недела во Тирана ќе се одржи средба на Опен Балкан, односно Србија, Албанија и Македонија на којашто меѓу другото ќе се зборува и за цивилната заштита и кризниот менаџмент, каде што на лице место ќе договориме доколку има потреба од помош на одредена држава како тоа да биде направено на еден брз и ефикасен начин, бидејќи понекогаш оние протоколи кај воздухопловите знаат да ја успорат процедурата како што впрочем се случи минатото лето кога од страна на Србија веднаш ни беа понудени хеликоптери, а ние изгубивме драгоцени часови додека да бидат обезбедени потребните дозволи. Оваа година ќе се погрижиме доколку има потреба целата таа процедура да биде скратена на минимум за да кога ќе побараме помош доколку странска држава има можност да помогне нивните летала брзо да влезат на наша територија, рече Ангелов.
Ново на Сител
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
-

Министерот за јавна администрација Минчев ја честита 250 годинишнината од независноста на САД
-

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош
-

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД
-

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
