Левица: Поради протоколот должни сме да ја славиме македонската и старословенската историја како бугарска

Во Протоколот, под темата за историјата се наведува дека двете држави прифаќаат во 2022 и 2023 да ги чествуваат сите заеднички историски настани и личности кои се веќе договорени од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, а доколку има политичка волја од двете држави, ќе се прославуваат и други заеднички историски настани и личности.
Од Владата на Република Македонија се бара да подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на тема Самоилова држава. Бугарските апетити се однесуваат и на старословенската историја која сега ќе се изучува во бугарски национален контекст.
Солунските браќа, светите учители Кирил и Методиј, Цар Самоил, Гоце Делчев, Прличев и многу други се само дел од листата на македонски личности од кои СДС и ДУИ се откажаа и со ставањето потпис на Протоколот (и Договорот за добрососедство) им ги подарија на Бугарите, додека воедно се согласија дa се избрише нивното фашистичко и окупаторско минато во Македонија и секое споменување како такво, ќе се толкува како „говор на омраза“.
Вера Циривири – Трена, убиена од бугарскиот фашистички окупатор, околу 7200 Евреи кои биле насилно одведени од страна на бугарскиот окупатор, транспортирани во логорот на смртта Треблинка, Цветан Димов - убиен крвнички, масакрот во Ваташа, каде 12 младинци се изрешетани од куршуми од митралези, па потоа се избодени со бајонети, и ограбени. Ова е мал дел од многу вакви историски настани и ликови, кои тие денес се обидуваат да ги избришат од македонската историја, учебниците, спомениците, а секое споменување на истите, според Протокотол потпишан од предавничките СДС и ДУИ ќе биде толкувано како „говор на омеаза“.
Но, ова е единствена заедничка историја која ја делиме со Бугарија - окупацијата од фашистичка Бугарија и тоа е единствена заедничка историја која треба заеднички да се чествува – победата на Македонците над бугарскиот фашизам. За Бугарија не постои ниту заедничка историја на сите јужни Словени, бидејќи сега таа е бугарска.
Срамот е огромен и за Европската унија, која давајќи поддршка на Бугарија преку т.н. „француски предлог“, го одобрува фашистичкото минато, а со тоа, наместо осуда, ЕУ дозволува рехабилитација на фашизмот во Европа.
Левица
Ново на Сител
-

Мицкоски за детали за истрагата за марихуаната упатува на МВР, но вели има поврзаност со лица од претходната влада
-

МОН: Честит 21 Февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-

Мицкоски: Владата функционира одлично, нема да има предвремени парламентарни избори
-

Сенегалски навивачи осудени на затворски казни за инцидентите на Африканскиот куп
-

Лишени од слобода двајца тиквешани кои возеле под дејство на алкохол
-

Мицкоски: Во процесот на пристапувањето во ЕУ Македонија е жрвта на класичен булинг, се повеќе политичари во Брисел го признаваат тоа
-

Вашингтон го предупреди Брисел да не ја ограничува набавката на американско оружје
-

Макрон за царините на Трамп: Добро да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлуки
