Три лица од Тетово, оштетиле сограѓанин со злоупотреба на негова сметка во банка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против три лица од Тетово поради сомнение за злоупотреба на банкарска сметка на нивен сограѓанин преку злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на лични податоци, употреба на исправа со невистинита содржина, како и помагање и непријавување на кривично дело или сторител.
– СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И. (32) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, против М.М. (46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „помагање“ во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Р.И. (46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „непријавување кривично дело или сторител“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, на 19.11.2021 првопријавениот, во својство на референт во филијала на банка во Тетово, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без знаење и согласност на лице од Тетово, извршил систематско фиктивно евидентирање на полномошно со кое второпријавениот бил внесен како овластено лице кое може да располага со финансиските средства од сметката на оштетеното лице. Истиот ден (19.11.2021), првопријавениот од сметката на оштетениот реализирал безготовински трансфер од 622.559 денари на сметка на второпријавениот во друга банка, кои второпријавениот подоцна ги префрлил на сметка на третопријавениот.
– Второпријавениот, на 22.11.2021 на шалтер во банката, од сметката на оштетениот реализирал безготовински трансфер на финансиски средства во износ од 615.220 денари на сметката на третопријавениот. Третопријавениот, и покрај тоа што знаел за ваквите криминални активности, ги ставил на располагање своите лични податоци, вклучувајќи ги и своите трансакциски сметки отворени во неколку банки, и не го пријавил случајот во надлежните институции, велат од МВР.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
