Левица: Меѓувладината конференција не ги отвара преговорите со ЕУ
Денеска во Брисел, врховистите од Македонија, на т.н. меѓувладина конференција, во име на македонскиот народ, пред Европската унија се заложија дека во иднина ќе ги спроведат сите барања на Бугарија како платформа за постепена бугаризација на Македонија.
Ваквата „меѓувладина конференција“ е уште еден преседан на Унијата, потполно непознат за правото на ЕУ и досегашната негова пракса. Со ова, Унијата, не само што, по којзнае кој пат, користејќи двојни аршини во интеграциските односи на Македонија спроведува дискриминаторски однос кон македонскиот народ, но и даваќи поддршка на Бугарија, директно учествува во рехабилитацијата на нео-фашизмот во Македонија.
Процесот на разнебитување на македонската држава, народ и нација практично започна уште по прогласувањето на независноста. Историјата покажа дека првата направена отстапка, со цел регистрација (зачленување) на државата во ООН претставува слабост, преточена во традиција при секоја идна интеграција.
Кулминацијата на ваквото разнебитување го сведочиме токму денес на меѓувладината конференција во Брисел, со која македонизмот, како сламка за спасот на Владата, се жртвува на олтарот на ЕУ. На овој настан во Брисел, се создава лажна претстава за некаков си почеток на преговори со ЕУ, додека вистината е сосема друга – нема почеток на преговорите додека не се промени Уставот на Македонија по барање на Бугарија.
Ваквите преседани спроведени од ЕУ не само што ја разобличија маската за постоењето на некакви европски вредности, туку погазија и бројни принципи на меѓународното право, како и основните човекови права, кон чие почитување е активно обврзана секоја земја членка.
Со денешниот чин во Брисел, домашните предавници олицетворени во Владата на СДСМ и ДУИ, уште еднаш ја ставија Македонија во подредена положба на странска држава, и за тоа, кога тогаш ќе ги стигне правдата.
Политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Уапсен германски лекар кој убил осум пациенти
-
Во Албанија уапсен водач на картел по запленување на над 700 килограми хероин во пратка сапуни
-
Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд
-
Патријарх Кирил до Русите: Не плашете се од нуклеарно оружје и крајот на светот
-
Израелската армија потврди дека утрината извршила напад во јужен Либан
-
Христодулидис: Кога сè ќе биде на свое место, Република Кипар да може да стане членка на НАТО
-
Митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј испратен до неговото вечно почивалиште на Плаошник
-
Во близина на карбинското село Радање откриена ѕидана гробница од крајот на вториот и почетокот на третиот век