Русија забранува плаќања со криптовалути
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се забранува користење на дигитални средства, како што се криптовалути и „NFT“, за плаќање на стоки и услуги.
Покрај тоа, новиот закон, исто така, бара крипто централите и давателите на услуги да одбиваат трансакции каде дигиталните трансфери може да се толкуваат како форма на плаќање. Новиот закон вели:
„Забрането е пренос или прифаќање на дигитални финансиски средства како компензација за пренесени добра, извршени работи, дадени услуги, како и на кој било друг начин што овозможува примање плаќање за стоки (работи, услуги) со дигитални финансиски средства, освен ако поинаку не е определено со федерални закони“.
Централната банка на Русија веќе повика на целосна забрана на криптовалутите. Ова најверојатно нема да се случи бидејќи руското Министерство за финансии се спротивстави на идејата и веруваше дека е неопходно да се дозволи развој на крипто-технологијата. За 10 дена, законот ќе стапи на сила и ќе ги направи плаќањата со криптовалути незаконски во земјата. Сепак, Русите сè уште можат да инвестираат во криптовалути како Биткоин и веројатно им е дозволено да продолжат да ги ископуваат.
Ново на Сител
-
АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови
-
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона
-
Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина
-
Руд ван Нистелрој: Дојде време за промена
-
Лејкерси го испратија синот на Леброн Џејмс во Џи лигата
-
Мурињо суспендиран поради изјава по мечот со Трабзон
-
Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета
-
Мишел и Фон дер Лајен телефонски разговарале со Трамп