-->
-->
ЦЕЛИОТ СВЕТ ПЛАЧЕ: Погледнете ја целата приказна за малиот „Афгаистански Меси“
-->

Петгодишното дете од Афганистан Муртаз Ахмади, чија е фотографија со дрес од Меси направен од ќеса го допре светот, конечно дојде на свое. Имено, малиот љубител на ликот и делото на Лионел Меси пронајден е по големата потрага која ја покренаа Аргетинскиот фудбалски сојуз и менаџерите на Меси и за поклон доби вистински дрес од Меси од Барселона.
Неговата фотографија во дресот направен од ќеса го обиколи светот, а набргу се тргна во потрага по него. Кога му влегле во траг, Меси и челниците на Барселона пратиле меил до Фудбалскиот сојуз на Афганистан, со желба Меси и лично го запознае својот обожавател. Детето стана вистинска ѕвезда во својата држава, а го доби и дресот од Меси откако се сретна со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Афганистан.
„Афганистанскиот Меси“ како што веќе го нарекуваат во својата држава, доби и прилика да заигра на трева со кадетската репрезентација на Афганистан.
Со денови плачеше
-Плачеше со денови зошто немаше дрес. Не можев да му купам зошто живееме во сиромашно село далеку од градот, а тогаш брат му му помогна да направи дрес од ќеса, открива таткото на детето.
Неговиот брат му го направил „дресот“
- Најголема желба ми е блиску до својата куќа да имаме стадион, за да создадеме некој фудбалер сличен на Меси. Муртаз едвај чека да го запознае Лео.
Ал Џезеира разговарале и со 15 годишниот Хомауоун, кој му го направил дресот на својот брат.
- Ми беше тешко поради него зашто не можеше да добие дрес, па му направив дрес од ќеса. Вистински дрес, едноставно, не можеме да му купиме.
Меси со детето ќе се запознае на Камп Ноу, стадионот на Барселона, веројатно на некоја од следните натпревари од Лигата на шампионите или од шпанската лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
