Мисирката никому не му згрешила за да ја мачите со врзани нозе, реагира Анима мунди
Почитуван македонски народе, не се бара правдина за себе со чин во кој на друго битие му создавате болка, траума, невиден стрес и го лишувате од сѐ што е за него природно – реагираше денеска здружението за заштита на животните Анима мунди, откако беше употребена мисирка на протестите во Скопје против францускиот предлог.
- Мисирката е, исто како и човекот, чувствително и свесно битие, способно за емоции и наспроти општото убедување, мисирката е интелигентно животно кое во случајов никому ништо не му згрешила – велат од Анима мунди.
Од здружението потенцираат дека го поддржуваат правото на протест и веруваат во силата на народот, но мачење на животни никогаш не било ниту ќе биде досетливо, креативно – човечно – и како што додаваат, најостро го осудуваат.
Приморување на животно да биде меѓу таква толпа народ, со врзани екстремитети, кубено, тегнето, обезличено како да е предмет а не жива душа, е најодвратен облик на мачење на животно. Бараме од организаторите и сите присутни да не бидат инертни пред стравот на ниту едно живо битие и да се оневозможи злоупотреба на животни за какви било цели! Бараме јасна и недвосмислена осуда на чинот и никако да не се повтори! Бараме птицата итно да се ослободи во нејзината природна средина, или да ни се предаде ако за другото не постои алтернатива – порачуваат од Анима мунди.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
