Годинава двојно повеќе средства за поддршка на иновациите

Годинава за Фондот за иновации и технолошки развој се предвидени два милиони и 650 илјади евра, кои ќе бидат распределени во два огласи. Првиот ќе биде објавен во мај или јуни, а вториот во септември.
Ова денеска го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по работниот состанок на тема „Разгледување на мерките и инструментите од програмата за рурален развој“ што се одржа во Порта „Македонија“.
Груевски потсети дека минатата година за Фондот за иновации и технолошки развој беа предвидени 1 милион и 400 илјади евра, кои се искористија со два огласи кои беа објавени.
- Оваа година имаме предвидено речиси дуплирање на средствата за поддршка на иновации во однос на минатата година. Ако минатата година беа еден милион и 400 илјади евра оваа година се два милиони и 650 илјади евра. Што е безмалку дупло од минатата година и тоа е сериозен предизвик за компаниите и индивидуалците кои имаат иновативни идеи и кои сакаат да почнат бизнис со сопствена иновација, нагласи Груевски.
Ако во минатото тие немаа некоја поддршка од државата, како што рече, од лани имаат целосна и сериозна поддршка, институционална поддршка од државата со формирање на Фондот за иновации и со двапати годишно објавување конкурси за прибирање идеи и давање понуди од страна на компаниите, кои нудат иновација.
Ново на Сител
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
