Ми помогна сурфер, кажа Васил - првиот Македонец кој беше спасен вчера
Васил Брезовски, е првиот од тројцата Македoнци кој беше спасен од водите на Егејското Море. Во интервју за грчките медиуми ги опишува драматичните моменти дo неговото спасување.
„Отидовме да пливаме со моите пријатели, на место кое тогаш беше мирно, немаше проблем, ниту високи бранови, ниту многу ветер. Но, за две минути, без да сфатиме, се се смени“, опишува тој за iefimerida.gr.
Раскажува дека се обидувал да остане смирен и над површината на водата.
„До мене беше мојот друг пријател, третиот воопшто не го видов. Одеднаш и него го изгубив за неколку секунди“, вели тој.
За негова среќа, сурфер му пришол на местото каде што бил. Тој не можел да му помогне, но му рекол да почека, да остане смирен и дека помош ќе дојде наскоро. Навистина, сурферот ја известил крајбрежната стража и им ја кажал точната локација на Васил. Останал со него се додека не стасале спасувачите и Васил не бил на безбедно.
Ново на Сител
-
Изгоре куќа во село Иловица, струмичко
-
Продолжува судскиот процес со родилката од Дебар, ќе се презентира супер вештачењето
-
РСБСП со кампања за Св. Трифун, апелира - вози безбедно, вози со љубов
-
Во Хрватска денеска бојкот на пекарници и пекарски производи, од утре бојкот на нов трговски синџир
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Стопанската комора на трговци на големо и мало на средба со министерот за економија
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Минхенската безбедносна конференција
-
14 февруари: Вepувањата зад Св. Трифун и Св. Валентин