Во октомври ќе биде црковната богослужба за прогласување на Кирил Пејчиновиќ за светец
– Тетовско гостиварската епархија информира дека во октомври ќе се случи прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец. Канонизацијата ќе се изврши во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј.
-Возљубени браќа и сестри, на 15 и 16 октомври 2022 ќе се изврши канонизацијата на игуменот Кирил Лешочки за светител и вбројување во диптихот на светите. Канонизацијата започнува во сабота 15 октомври со Воскресна вечерна богослужба во Лешочкиот манастир од 17 часот која ќе ја чиноначалствива митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, информираат од епархијата.
Утредента од 07.30 часот во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј ќе има Восрекна Утрена богослужба, додека во 08.30 дочек на Архиепископот и Архијереите на МПЦ – ОА. Вееднаш потоа ќе започне Светата божествена литругија и прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец Кирил Лешочки.
Кирил Пејчиновиќ е роден 1771 година во тетовско Теарце, а живеел до 1845 година, бил голем просветител, народен учител и игумен на Лешочкиот манастир. Го обновил Лешочкиот манастир каде и почива во црковниот двор
Ново на Сител
-

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата
-

Променливо облачно и тивко со сончеви периоди
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
