Русија го заостари контроверзниот Закон за странски агенти
Русија одлучи да го направи построг контроверзниот Закон за странски агенти. Отсега сите организации или поединци кои примиле каква било поддршка од странство или се под некаков облик на странско влијание, ќе бидат гледани како странски агенти.
Законот стапува на сила на почетокот на декември. Тој е прифатен со мнозинство гласови во рускиот Парламент. Досега, руското законодавство можеше да прогласи невладини организации за странски агенти, само доколку се финансирале со пари од странство.
Критичарите со недели предупредуваа на заострувањето, што сега се оствари. Постои страв од тоа руското правосудство да преземе уште повеќе политички мотивирани мерки против членови на опозицијата и неистомисленици, бидејќи новиот закон е формулиран прилично нејасно.
„Сега навистина секој може да биде прогласен за странски агент“, пишува независниот портал Медуза, а и самиот со месеци се наоѓа во соодветниот регистар на руското Министерство за правда.
Независни медиуми се жалат дека поради законот, изгубиле важни огласувачи и затоа повеќе не можат да се финансираат. На лица означени како странски агенти сега им е забрането да држат настава во руски училишта.
Од почетокот на војната во Украина, Русија има сè порепресивен третман на критичарите во сопствените граници и на активистите за човекови права. Голем дел независни медиуми се блокирани или престанаа со работа поради притисок од властите, наведуваат медиуми.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава