Ковачевски: Лесно е да се бранат национални интереси дома
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, е на седница за пратенички прашања во Парламентот.
Тој порача дека граѓаните и државата имаат одговорна Влада, којашто се грижи за националните интереси, стратешките цели и за економските потреби на граѓаните.
„Предвремени парламентарни избори не треба да има. Ние во моментов имаме Влада којашто се грижи за националните интереси и за достоинството на сите граѓани, без разлика на тоа од која етничка, верска и национална припадност доаѓаат. Тоа се случи и во изминатиот период, кога националните интереси на Република Северна Македонија, согласно одлуките и резолуциите донесени тука во Собранието, беа застапувани од страна на сите челнови на Владата, без разлика на тоа дали се Македонци, Албанци Турци, или од која било друга национална припадност. И тоа се потврди мината недела кога на принципиелен начин ние ги искажавме нашите ставови пред сите наши параметри во ЕУ и пошироко“, посочи премиерот Ковачевски.
Тој направи споредба со однесувањето на опозицијата, што го оцени како неодговорно.
„На конгресот на европските народни партии беше донесена резолуција во којашто се вградени барањата во однос на негирање на националниот и историскиот континуитет на Македонците и на таа резолуција присуствуваше делегација на нависоко ниво од ВМРО-ДПМНЕ.
Никаде не видовме прес-конференција на спротивставување, тоа ќе остане запаметено“, рече премиерот Ковачевски.
Тој порача дека „лесно е некој да брани национални интереси тука, дома, но, кога треба да се бранат национални интереси пред 27 земји, тогаш на некого тоа му е тешко, а некој тоа мора да го направи како што јас, претседателот на државата, коалициските партнери и граѓаните на државата тоа го направивме, без разлика на својата припадност - се борат за својот национален, етнички верски идентитет и континуитет. На еден секогаш му припаѓа честа тоа да го брани и пред други, овојпат тоа на мене ми припадна како чест и сум горд што сите заедно застанавме и го кажавме тоа што требаше да го кажеме, не навредувајќи никого ниту дома ниту надвор“, дополни премиерот Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Собранието.
Ново на Сител
-
Собранието ќе ја одржи новата 43. седница
-
Нема да има реконструкција на Влада пред локалните избори, уверува премиерот, превирања во коалицијата „Вреди“
-
Прва седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата
-
Пленковиќ: ЕУ и Хрватска нема да воведат санкции за претставниците на Република Српска
-
Трамп: Русите ја бомбардираат Украина како луди
-
Штрајк на новинарите во Грција
-
Утрото студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода