Бектеши: Усвоени измените со кои трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници

Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија, со што се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија, Крешник Бектеши.
Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.
– Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Северна Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти, стои во објавата на министерот.
Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, истите денови им се дава да работат и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми после царинските контролни точки и на цветните пазари.
Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.
Ново на Сител
-

Српскиот премиер во Охрид на средба со Мицкоски, потврдена определба за натамошно унапредување на пријателските односи
-

Мицкоски: Македонскиот јазик е нашиот идентитет, култура и најсилна врска што не обединува, без разлика каде живееме
-

Трамп за кризата во Сеута: Еве што ги чека САД доколку се вратат демократите
-

ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август
-

Најтопло попладнево во Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија
-

Европејците ќе работат подолго: Возраста за пензионирање се зголемува во две третини од членките на ЕУ
-

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра, пазарот на недвижности во вториот квартал со вредност од 351,7 милиони евра
-

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август
