Американски ЦДЦ: Со мајмунски сипаници се заразуваат мажи кои имаат интимни односи со други мажи
Постојат докази за локален пренос на мајмунски сипаници, информираше денеска американскиот Центар за контрола и превенција на болести, со извештаи за случаи на патување во странство.
Главно, случаи има кај машки лица кои имаат интимни односи со лице од ист пол. Но, заразата е можна и кај женски лица, истакна член на Центарот, Агам Рао.
Мајмунските сипаници, вирусна инфекција што предизвикува кожни лезии, е ендемична во одредени делови на Африка. Но, сегашната епидемија погоди земји, каде вирусот обично не се шири, што предизвика загриженост.
Центарот нагласи дека има извештаи за пренесување на заразата меѓу членови од семејството и блиски контакти.
– Слушнавме и за блиски контакти во некои делови, како на пример, членови на домаќинството кои делат постелнина, пешкири, па се заразиле. Значи, не се шири само низ близок интимен однос, подвлече Рао.
Се појаснува и дека лезиите поврзани со сегашната епидемија, се помали од оние типичните на класичните мајмунски сипаници.
Минатиот месец беа објавени упатства, каде се препорачува Јинеос од Бавариан Нордика за лабораториски персонал и други лица под ризик, уште една вакцина покрај АКАМ2000 Емерџент БиоСолутионса.
Вчера, Њујорк отвори привремена клиника за вакцина Јинеос, од две дози, за ризични групи кои можеби биле изложени на мајмунски сипаници, вклучувајќи ги хомосексуалните и бисексуалните машки лица.
Според Центарот, иако имало случаи на воспаление на срцето поврзани со вакцината АЦАМ2000, тоа уште не е пријавено по вакцинирање со Јинеос.
Се разгледува како најдобро да се искористат залихите од достапните вакцини, бидејќи тие се ограничени, наведува агенцијата.
Ново на Сител
-
УЈП апелира угостителите и физичките лица за празниците да работат согласно законите и да ги исполнат даночните обврски
-
Мицкоски: Постигната историски највисока цена на килограм откупен тутун од 400 денари
-
Нови 600 вработувања во МВР, Мицкоски повика на трпение, работите се решаваат една по една
-
Претрес во гостиварско, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
-
Верстапен ја доби својата четврта последователна титула во Формула 1
-
Претреси во дојранско, пронајдени околу два килограми марихуана и пушки | ФОТО
-
Приведен дилер во Тетово за издржување тригодишна казна затвор
-
Крадец фатен на дело во Прилеп