АД ЕСМ до утре ќе поднесе понуда на јавната набавка на ЕВН Хоум

АД ЕСМ најави дека ќе поднесе понуда на јавната набавка на ЕВН Хоме со рок до утре.
До Владата доставиле пресметки и предлози во однос на цената и количините, по што на затворена владина седница носи одлука со препорачана цена и количина, која се доставува до ЕСМ. Согласно одлуката, ЕСМ во затворена понуда ќе аплицира на повикот на ЕВН Хоме, инфрмираат денеска во соопштение од АД ЕСМ, во врска со процедурата за снабдување со електрична енергија за престојниот период од 1 јули до 31 декември годинава.
Врз основа на направените анализи и пресметки, АД ЕСМ утврдиле, како што велат, дека е во состојба да ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100 проценти да ги покрие потребите на Универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60%), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО.
За таа цел, АД ЕСМ го зголеми планот за производство на електрична енергија за 2022 година за 20 проценти од производството во минатата година. Конзумот на ЕВН Хоме е зголемен за 27 проценти, поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветлување).
-Дополнителните потреби на ЕВН Хоме и на ЕВН Електродистрибуција ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните Битола и Осломеј, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ Неготино, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Русија планира одобрување на две вакцини против агресивен тумор на мозок
-

Човековата заштита од волци го олеснува ширењето на чакалите низ Европа, покажа нова студија во која учествуваат истражувачи од МЕД
-

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати
-

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
-

Поставени нови 72 знаци и патокази во Национален парк „Пелистер“
-

Кампања за заштита од пожари на Плоштад Македонија
-

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка
-

Евроамбасадорот Рокас во посета на Собранието
