-->
-->
Трајанов: ЕУ да ја одложи одлуката за усвојување на преговарачката рамка
-->
Претседател на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека тие се против францускиот предлог во кој, како што посочи, на суптилен начин се вградуваат националистичките барања на Бугарија и го повтори партискиот став дека ќе ја повлече поддршката на Владата доколку се согласи Преговарачката рамка да биде усвоена од Советот на ЕУ.
Со оглед на фактот што, како што вели, претставници на Владата директно биле вклучени во преговорите со Бугарија, тој побара нивно повлекување, односно оставки од функциите на министерот за надворешни работи и на вицепремиерот за евроинтеграции.
-Ги повикуваме земјите членки на Европската унија, посебно Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка и Словачка, да стават вето на ставање на дневен ред на Преговарачка рамка во која се вградуваат националистички барања на Бугарија сврзани со идентитет, јазикот, историски и образовни прашања.
ЕУ треба да се држи до основните европски вредности и принципи и Копенхашките критериуми, рече Трајанов.
Тој ги повика граѓаните преку социјалните мрежи или со мирни протести да изразат силно незадоволство од загрозувањето на македонскиот национален идентитет
-Демократскиот сојуз е против францускиот предлог и ги повикува граѓаните своите ставови да ги искажат преку социјалните мрежи или со мирни протести, за да види Европската Унија дека овде има силен граѓански, народен отпор против загрозување на македонскиот национален идентитет, рече Трајанов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Парламентарни избори во Словенија
-

Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава
-

Неколку експлозии во Ерусалим по предупредувањето за ракети испукани од Иран
-

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот
-

АХВ не дозволи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
-

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
-

За околу 20 проценти зголемен бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа
